Директорот на водовод „Ѓаковица“ Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија по потерница на Интерпол, потврдија од Министерството за надворешни работи на Косово.
Хасан Красниќи е уапсен во Бугарија, врз основа на меѓународна потерница распишана од италијанската полиција поради сомнение за трговија со луѓе,објави Косово онлајн
Апсењето е веќе извршено на 19 февруари 2024 година, пишува онлајн весникот Reporteri.net.
Бугарските власти го фатиле при влез во Бугарија, каде сакал да оди на одмор со семејството, но бил на меѓународна потерница од Италија поради трговија со луѓе, пишува со свои извори интернет весникот Reporteri.net.
На 22 февруари 2024 година, Бугарскиот окружен суд му одреди притвор во очекување на одлуката за барањето на италијанските власти за негова екстрадиција во Италија.
Постои сомневање дека Красниќи, кој поседува и компанија која со автобуси превезува патници од Ѓаковица до европските земји, е осомничен дека шверцувал луѓе со фалсификувани документи.
Министерството за надворешни работи на Косово и другите безбедносни органи се уште не реагирале за да го потврдат случајот.
Хасан Красниќи, три месеци откако како кандидат на движењето Самоопределување за пратеник во општина Ѓаковица не доби доволно гласови за да биде избран за пратеник, Владата на Косово го назначи за прв човек на Регионалното водостопанство во јануари 2022 година.





