ДР-ДПА како дел од Алијансата на Албанците ќе добие 20 директорски места во новата администрација, пишуваат дел од медиумите на албански јазик.
Резерватот Јасен каде што се наоѓа алтернативниот команден штаб на АРМ и каде што во случај на сериозна криза треба да се повлече државниот врв од каде што би се командувало со безбедосните сили, е дел од институциите кои ќе бидат менаџирани од кадар на Зијадин Села. За шумскиот резерват од затворен тип ЈП „Јасен“ сеуште важи специјален статус кој подразбира ограничено движење на луѓе и одвивање на нормален сообраќај преку оваа територија.
Според партиски извори кадар од оваа партија ќе застане и на чело на:
КПД Идризово
Завод за ревизија
Републички совет за безбедност
Стоматолшки клинички центар
Државен пазарен инспекторат
ЈЗУ за нефрологија во Струга
ЈЗУ клиника за очни болести
Државно правобранителство на Р.М.
Биро за судски вештачења
Градска библиотека Скопје ( НУБ Климент Охридски)
Агенција за енергетика
Биро за равој на образование
Државен испитен центар
Државен инспекторат за шумарство и ловство
ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Струга
Институт за духовно наследство за Албанците
ПИОМ
Управа за имотно-правни работи
Биро за судски вештачења.





