Членката на Советот за безбедност на Обединетите Нации Република Кина воведува безвизен режим со Македонија.
Со тоа Кина по Франција станува втора членка на Советот за безбедност која има слободен визен режим со Македонија.
На македонските граѓани се уште им требаат визи за влез во САД, Русија и Велика Британија.
Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, Кина пробно воведува безвизен влез за граѓаните на Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Латвија и Јапонија.
Кинеската безвизна политика ќе трае до 31 декември 2025 година со што меѓународните патувања ќе бидат полесни, пишуваат кинеските медиуми.
По овој период Кина ќе направи анализа какви негативни или позитивни последици има овој чекор и ќе одлучи дали слободниот визен режим ќе продолжи на неодредено време.
Независните посети на Кина може да траат до 30 дена.
Според индексот Henley passport за 2023 година македонскиот пасош е рангиран на 44 место во светот според можноста за слободно патување.
Со македонски пасош без виза може да се посетата 125 земји во светот Кина од 30 Ноември е 126 земја која може да се посети без виза.
Потегот на Кина за дел од експертите за геостратегија може да е дел од таканаречената мека дипломатија со која официјален Пекинг сака да направи поблиски врски со земји преку кои може да ги пласира своите производи на европските пазари.






