„Чистка на непослушните“ во АА на Таравари: Од раководството разрешени Фетаи, оти „дејствувал против партијата“, и осум други членови!

„Вчера лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, одржа вонредно Собрание во Куманово, на барање на повеќе од две третини до вкупниот број членови на партиското собрание. Таравари објави дека Арбен Фетаи е разрешен од функцијата претседател на Собранието, поради дејства, што ги преземал против партијата!“ – објави ТВ 21.

„Поради дејствија што се против партијата, претседателот на Собранието Арбен Фетаи беше разрешен и од 23 мај 2025 година досегашниот заменик-претседател на Собранието Назим Таипи е негов нов избран претседател.“ – објави Таравари.

„Сменети се неколку членови на Статутарно-правната комисија, а исклучени се и осум члена на претседателството.“ – дополни ТВ 21 во веста.