Вицепремиерката на Бугарија Марија Габриел, предупреди на „застрашувачки прекршоци“ во бугарскиот конзулат во Битола, јавува Њуз.бг.
Имено, извесна Весна Котевска вработена како чистачка извршила разговори со кандидати за бугарско државјанство. Како резултат на тоа, имало многу одбивања.
Марија Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба која покажала системски прекршувања.
А, за дотичната, таа објасни дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и конзуларното претставништво.
Немало докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство.
„Сепак, откриените прекршувања се недозволиви“, категорично изјави Марија Габриел, пишува Њуз.бг.





