Осумаесеттемина со истечени договори што работеле на Клиниката биле манипулурани со лажни ветувања дека ќе бидат вработени, незаконски престојуавле во институцијата со невалидни договори, а што е уште потрагично – добивале и плата, изјави новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе се распише конкурс и, како што рече, каубојски вработувања веќе нема да има.



„Исплатена е една и пол плата, со што буџетот на Клиниката е оштетен за речиси 650.000 денари. Тоа е значајна сума за нашата институција, секој денар е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесиран до надлежните државни институции“, рече Чибишев.

Чибишев оцени дека во изминатиот период Клиниката била доведена во ситуација на организациски и кадровски колапс, а тоа во моментот уште повеќе ја отежнува состојбата бидејќи е период на годишни одмори.

„Најголем проблем ни е кадровската екипираност за да одговориме на предизвиците.

Во изминатиот период тука имавме вработено 18 лица, кои работеа неколку месеци со истечени договори. Тоа внесуваше немир и конфликти меѓу вработените.

Се даваа информации дека имаат договори за вработување благодарение на добиена согласност од Министерство за финансии, но таква согласност не постои“, вели Чибишев.