И по четири години од официјалната најава се уште го нема автопатот Скопје- Блаце долг само 12 километри. Според последите информации кои што ги објави министерот за транспорт Александар Никололски, една од причините можеби е желбата за финансиски профит на функционери од претходната власт. Постојат сомнежи дека видни лица од поранешната владејачка партија ДУИ си купиле земјиште на трасата каде треба да поминува автопатот, со цел голем финансиски профит при процесот на експропријација, пишува ТВ Алфа.
-Да бидам директен, за да нема пак манипулации – јас сум да се изгради Скопје-Блаце и ќе се изгради, но по реална цена и без манипулации. И еве уште еден предизвик – дали на оваа нова траса, во делот што треба да се експроприра, нови сопственици на земјиштето станале одредени функционери на ДУИ во периодот кога се проектирала трасата?, прашува Николоски.
Овој проект беше една од најголемите цели на поранешната власт, а главен координатор беше поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Тој дури најави дека до крајот на мандатот на поранешната власт, што беше пред три месеци, би требало да биде завршен овој автопат, заедно со целиот Коридор 8. Но се уште, далеку од готови се и автопатот и коридодот.
Од автопатот кој чини речиси 250 милиони евра за 12 километри, по 4 години изградени се само два километри, кои може да бидат пуштени во употреба.
Ова е само дел од 12 километарскиот автопат Скопје- Блаце, кој што Македонија има обврска да го изгради од своја страна. Иако најавен пред неколку години се уште не е пуштен во употреба. Според најновите информации, фунцкионери од ДУИ си купиле земјиште на трасата каде што треба да поминува овој автопат, со цел да направат големи профити преку процесот на експропријација.
Слична ситуација како со Скопје- Блаце е и со пругата кон Бугарија, вели Николоски. И таму, избрана била најтешката траса, преку планински предели каде изведбата би била прескапа што исто така остава сомнеж за намерно пумпање на крајната цена за проектот. Како што кажа, претходната власт проектирала два тунели под Крива Паланка, нешто што според Николоски не може да го направи ниту една Швајцарија.
Извор: https://alfa.mk/skandal-chetiri-godini-ne-se-izgradeni-12-kilometri-avtopat-funkczioneri-na-dui-si-kupuvale-zemjishte-za-finansiski-profit/






