„Повеќе нанаѓачи испукаа повеќекратни куршуми врз група луѓе“ доцна во саботата во јужниот дел на градот „Фајв Поинтс“, изјави полицаецот Труман Фицџералд од Бирмингем од сојузната држава Алабама каде се случил масакрот, соопшти Би-Би-Си
Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во масовно пукање.
Полицијата на местото на настанот пронашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од рани од куршуми во болница, соопшти полицијата
Ниту еден осомничен не е уапсен.
Сведоците кои во тоа време чекаа на ред пред салонот за наргиле и пури на авенијата Магнолија, изјавија за локалниот сајт за вести Al.com дека некои од пукотниците звучеле како да доаѓале од автматски пиштол.
Само годинава имаше повеќе од 400 масовни престрелки низ САД , според Архивата за огнено насилство, која го дефинира масовното пукање како инцидент во кој четири или повеќе лица се повредени или убиени.






