Честитки од Агелер до Шеќеринска и до Владата

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата на Македонија за застапување на нејзината кандидатура.



„Честитки до Радмила Шекеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х.