Честитки на претседателите на парламентите на Албанија Никола и на Косово Коњуфца до Гаши како претседател на Собранието на *Македонија

„Претседателката на Собранието на Албанија Линдита Никола му честита на Африм Гаши поради изборот како претседател на Собранието на * Македонија.“објави ТВ Шења.



ТВ Шења ја пренесува честитката, која Линдита Никола ја објави на својот фејсбук-профил: „Честитки до новиот претседател на Собранието на Република * Македонија Африм Гаши. Искажувам верба дека парламентарната соработка меѓу Собранието на Албанија и Собранието на * Македонија ќе се проширува.“

„Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца упати честитка до новоизбраниот претседател на Собранието на * Македонија Африм Гаши. Коњуфца порача дека со задоволство очекува да соработува со Гаши.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс.мк“

„Алфакс.мк“ ја пренесува честитката на Коњуфца, објавена на неговиот фејсбук-профил, во која истакнува: „Најсрдечни честитки до Африм Гаши поради неговиот избор како  претседател на Собранието на Република * Македонија! Ќе биде големо задоволство да работиме заедно, да ја продлабочиме соработката меѓу нашите земји, вклучително и соработката на нашите парламентарни институции. Со нетрпение очекувам да ги придвижиме нанапред колку е можно повеќе нашите заеднички интереси, заеднички да придонесеме кон одржливата регионална стабилност и евроатланските стремежи. Очекувам дополнително да се консолидираат односите меѓу нашите институции да се консолидираат и натаму.“

„Албанците не се само знак на демографијата, туку и на демократијата во политиката на * Македонија, затоа оската меѓу слободата и еднаквоста на граѓаните денеска беше испочитувана со изборот на Гаши како претседател на Собранието, оставајќи очекување да се продолжи во сеопфатен дух. Посакувам демократските закони, практики и култура да не доближат уште повеќе како визија за поперспективна иднина за двете наши земји.“