Различни реакции на прес конференцијата на лидерот на СДСМ Венко Филипче кој се обрати на јавноста во врска со дискотеката на смртта во Кочани.
Од една страна Филипче доби пофалби за неговиот настап од новинари а од друга страна доби страшно критики од негови сопартијци.
Екс претседателката на скопскиот СДСМ Софија Куновска на Филипче му порачува дека ,,нема да го има” тврдејќи дека човекот кој има своја вина во многу лоши работи нема право да зборува.
,,ИМА ДА ТЕ НЕМА БРЕ
Онаа беда од човек на која и се случија 14 мртви во пожар на преплатена модуларна болница, висококоруптивна зделка со преплатени вакцини која за среќа ја спречи СЗО, физолошки раствори наместо хемотерапија, ќе држел прес???
Е затоа сме таму каде што сме и од ова држава не бидува.
Што таа беда има да ни каже…”, пишува Куновска по прес конференцијата на Филипче.
Новинарот Љупчо Златев од друга страна јавно го пофали Филипче за настапот и му даде поддршка да расчисти со сите припадници на ,,Длабоката држава” во партијата кои се обидуваат да направат политички поени во трагедијата.
,,Честитки за Венко Филипче. Денеска имаше одлична прес конференција на која повика на сплотеност, единство и истакна дека не е време за политички пресметки.
Во исто време, повика да одговараат сите кои се вмешани во случајот независно дали доаѓаат од неговата партија или од власта.
Ја има мојата поддршка да го ослободи СДСМ од длабоката држава која во изминатите часови се обидува политички да го злоупотреби немилиот настан. Ја има мојата поддршка да се ослободи од сите кои ја злоупотребуваат афилијацијата со СДСМ за да шират лаги во јавноста.
Во изградбата на силни институции во кои граѓаните ќе веруваат, неопходно е учество на опозицијата.
Се надевам дека оваа несреќа ќе не обедини сите во борбата против криминалот и корупцијата”, напиша Златев.
Што кажа лидерот на СДСМ на прес конференцијата
Филипче бара довербата во институциите да се врати со транспарентна и објективна истрага за Кочани
Поврзана содржина






