Денес со честитки до Доналд Трамп како нов претседател на Соединетите Американски Држави се огласија претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Африм Гаши во својата честитка до Доналд Трамп изрази „подготвеност за продлабочување на соработката со новата американска администрација, за да се засили нашето стратегиско партнерство“ и порача: „Овој важен момент ја отсликува силата на американската демократија. * Македонија била и ќе остане силен сојузник на развојните и стабилизациски политики на САД. Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на * Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и извор на постојана поддршка.“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата честитка наведува: „Американските гласачи се определија за впечатливо враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон. Убеден сум дека американското присуство во Балканот ќе биде силно како и секогаш, за да се решат конечно отворените прашања меѓу земјите на Југоисточна Европа“.





