Челиковиќ: Кога ДУИ не е на власт, тогаш им се заканува „според европски урнек“ на Македонците оти „ќе бидат проголтани“!

„Коалицијата Европски фронт веќе подолг период речиси секојдневно го повторува ‘нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина’ на Македонија. Но, ДУИ не прифати да се помири со преминување и дејствување во опозиција и ги доведе под прашање уставните одредби и изборната волја, како и и претпоставките, што му се на располагање на победникот на изборите, да формира владино мнозинство. Кога ДУИ веќе не може да биде на на власт, тогаш се заканува дека без нив нема етнички соживот, а Македонците ќе бидат ‘проголтани’.“ – нагласува новинарот Ивица Челиковиќ во својата колумна со наслов „ЕУ како (не)посакувана алтернатива на Балканот“, која ја објави весникот „Слободен печат“.



Натаму, покрај другото, Челиковиќ пишува: Од каде тогаш извира и со толкава жар и упорност се повторува „ние немаме друга алтернатива, нашиот пат води таму каде што припаѓаме, кон ЕУ“? Западниот Балкан не смее да биде заборавен, бидејќи без него ЕУ не може да биде целосно завршен проект. Прашање е само како тоа балканско „предградие“ да се интегрира, да се доведе во ред за да може барем донекаде да функционира според она, што сè почесто се оспорува и се проблематизира – европските вредности.

Моментно, кога Европа се соочува со сериозни безбедносни и економски предизвици, речиси од ниедна страна не можете да забележите некаква позначајна анализа на перспективите и натамошните чекори на проширување на ЕУ. Многумина ја доживуваат ЕУ како нешто, што е мошне оддалечено.

Целата колумна тука