Промоција, прв тренинг и одличен амбиент во црвено црниот табор и тоа непосредно пред мечот со Фенербахче вечерва (20.00) во рамките на плеј оф рундата во Лига Европа. Тоа најдобро се виде од дочекот кој му го приредија и „компањоните“ од славните вардарови денови, Дарко Панчев, Илија Најдовски и Андон Дончевски.
Само уште Фенер да падне во првиот меч од соочувањето кое води во групната фаза од Лига Европа и новиот ден да започне.










