Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој утрово беше уапсен бил однесен на  распит кај судија на претходна постпака.



На социјалните мрежи се појави фотографија од Чавков со лисици на рацете од распитот.

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, е уапсен по налог на јавен обвинител,

а во врска со настаните од 27 април. Во тој период Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија.

Покрај Mитко Чавков кој е уапсен,  приведени биле уште 15 лица меѓу актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.