Професоирор Љубомир Цуцуловски ги повикува претседателските кандидати да се изјаснат поединечо дали, доколку дојдат на позицијата шеф на државата, ќе потпишат  и дали ќе потпишат одлуки кои задираат и предвидуваат менување на уставот.
„Редно е и чесно е, наместо да се служат со општи фрази, кандидатите јасно да ги кажат своите ставови за:
– Идејата претседателот на Државата во иднина да се избира во Собранието, наместо на напосредни избори.
– Дали се за бришење на уставната формулација „20 насто/20%“ и нејзина замена со албански јазик, како втор државен јазик.
– Внесување на Бугарите во Уставот, сеедно под какви услови и притисоци тоа би било направено“ повикува Цуцуловски во објава на Фејсбук.
„Редно и чесно е за претходното јасно да го кажат своето мислење, бидејќи еден од нив, како иден претседател, ќе треба да ги потпише евентуално донесените собраниски одлуки за овие прашања.
Ако со нив не се согласува, може да не ги потпише и да поднесе оставка на позицијата претседател на Државата.
Сѐ друго (како, на пример, дека се за демократија, за ЕУ, за покачување на стандардот, подобро здраство и сл.) е само гола демагогија, со децении видена во македонската држава.
Затоа, до изборите, на ова ќе потсетувам уште во неколку постови.
Потоа, после изборите, нивните ветувања ќе се покажат на дело, па ќе остане само пустото сеќавање на она што го ветувале, макар што и тоа (барем досега) се покажа дека е немоќно средство, бидејќи постојано се оправдуваат со ступидната теза дека условите се промениле, како да се во прашање променетите условите, а не н и в н и т е лични промени“ вели Цуцуловски.