Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски му постави логично прашање на Блерим Беџети од ДУИ, кој божем ретерира од партискиот став дека нема да дозволат локални избори ако Уставниот суд го укине Законот за употреба на јазиците со кој албанскиот се израмни со македонскиот на целата територија на државата.
„ПОДГОТОВКА. Немало да дојде до бојкот на локалните избори, туку само до политичка криза, која ќе го оневозможела нивното одржување – тврди Блерим Беџити, бивш министер за правда. Само уште да објасни: (1) која е разликата помеѓу бојкотот и политичката криза која ќе го оневозможи нивното одржување и (2) како ќе се манифестира оваа политичка криза за да можат државата и граѓаните навреме да се подготват за неа“, побара Цуцуловски од Беџети на Фејсбук.






