Владата на вчерашната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер-трактори, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело.
„ Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер-тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење“, наведува ЦУК.






