Синоќа е извлечено 16-годишно девојче кое паднало во провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица.



Поради повреди, тоа веднаш веднаш било пренесено во струмичката болница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Синоќа во 20:30 часот на 112 бил добиен повик од жена која известила дека нејзината ќерка е падната во дол во близина на манастирот „Свети Илија“ над Струмица, но не ја знае точната локација.

Воедно известила, како што се вели во соопштението од ЦУК, дека ќерка ѝ има повреди на главата.

Операторите од 112 ја смириле вознемирената мајка и побарале од неа ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која точно се наоѓа.

Откако ќерката се јавила на 112 и рекла дека не знае каде се наоѓа, односно каде е местото каде што паднала, операторите ја утврдиле локацијата, а потоа ги известиле од Секторот за операции и координација на ЦУК, кои упатиле повик до СВР Струмица, Противпожарните екипи на Струмица и Итната медицинска помош од Струмица.