Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е зголемување на бројот на противпожарни интервенции.
Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сеуште активни заклучно до недела, 24 часот.
ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.
Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, велат надлежните.






