Цукенберг: Ни вршеа притисок да не објавуваме коментари против коронавирус

Првиот човек на Мета, изјави за подкастот на Џо Роган дека неговата компанија била под огромен притисок од администрацијата на Бајден да ја отстрани содржината поврзана со несаканите ефекти од вакцината против Ковид, пренесе Телеграф



Марк Цукерберг рече дека „генерално е за вакцини“ и дека, ако тој се  прашува, тие „повеќе прават добро отколку штета“.

„Но, мислам дека додека тие се обидуваа да ја промовираат таа програма, тие исто така се обидуваа да го цензурираат секој што се противеше“, рече Закерберг.

Цукерберг го критикуваше начинот на кој администрацијата на Бајден се справуваше со содржината поврзана со Ковид во минатото.

Во писмо до Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, со кој претседава Републиканската партија, Цукерберг во август навел дека администрацијата „вршела притисок“ на Мета да ја „цензурира“ содржината за „Ковид-19“, додавајќи дека жали за некои одлуки што ги донела компанијата следејќи ги тие барања.

„Бевме силно притиснати да ги отстраниме работите кои, искрено, беа вистинити“, изјави Цукербергво поткастот на Роган. „Ни рекоа дека мораме да отстраниме с’е што споменува дека вакцините може да имаат несакани ефекти“.

Изјавата дојде само неколку дена откако Мета објави дека повеќе нема да користи трети страни за да ги потврди фактите објавени на нејзините популарни апликации, потсетува Индекс.хр

Тоа е последниот во низата потези и изјави на Цукерберг кои по изборната победа на Трамп изгледаат како обиди да се придобие новиот претседател.

Мета е една од неколкуте големи технолошки компании кои објавија дека донирале 1 милион долари за инаугурацијата на Трамп.