Црни темници на булевар во центарот на Скопје

Среде Скопје, булеварот „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, е во тотален мрак. На вечер луѓето користат светилка од нивните телефони, односно близ, за да може да преминат улица. Веќе неколку дена уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради.



Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките премини и кој светат со блиц од мобилните за да поминат.

Граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ ги повикуваат Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да го вратат осветлувањето на булеварот, но досега нема никаква реакција од нив.

Оттаму, „Шанса за центар“ синоќа постави трепкачи за велосипед кај пешачките премини на „Кочо Рацин“, за да привремено „малку од малку“ ја подобрат состојбата на улицата.

Видео објави невладината организација „Шанса за Центар“.