и
Поранешниот главен специјален обвинител Миливоје Катниќ и поранешниот висок полициски функционер Зоран Лазовиќ, рано утрово се по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора.
Како што е соопштено, тие биле лишени од слобода врз основа на меѓусебна соработка и повеќемесечна координирана акција, со помош на ЕВРОПОЛ, пишува „Побједа“.
Оттаму додаваат дека Лазовиќ и Катниќ се осомничени за создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба.
„ Врз основа на меѓусебна соработка и повеќемесечно координирано дејствување на Специјалното државно обвинителство, Специјалниот полициски оддел и Агенцијата на Европската унија за соработка на органите на прогонот – ЕВРОПОЛ, по налог на Специјалното државно обвинителство, Специјалниот полициски оддел, со асистенција на Полициската управа за специјални намени ги лишиле М.К , поранешен главен специјален обвинител и З.Л., поранешен помошник директор на Полициската управа, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, изјави Вукас Радоњиќ, државен обвинител и портпарол.
Осомничените во законскиот рок ќе бидат изведени на распит кај специјалниот обвинител.
Се претресуваат и нивните станови и други простории во Подгорица, Цетиње, Будва и Бијело Поље, за да се откријат траги од кривичното дело и предмети кои можат да бидат корисни за постапката, рече Радоњиќ.






