Грчката црква не го прифаќа терминот „Македонија“ или негови деривати да бидат дел од името на Поранешната Југословенска Република Македонија.



Една од причините е дека ако зборот Македонија е присутно во Република Македонија, која е призната од Бугарија, тоа ќе влијае и на името и на расколничката самопрогласена црква на „Македонија“, пишува грчкото издание „Прототема“, пренесува бугарската агенција „Фокус“.

„Значи, ако сакаме да разговараме за ова прашање, мораме да бидеме подготвени да се справиме со тешки ситуации“,  изјави архиепископот Иероним, како објавија ANT1 и Star во нивните централни вести.

Од грчката Црква сметаат дека името Македонија „ги заокружува и кулминира иридентистичките ставови на Скопје“, се вели во дел од пораката објавена од грчката црква.

Околу протестите за македонскиот проблем, во пораката се вели: „Грчката Црква, пионер во борбите за национално самоопределување низ вековите, верува дека секој израз за заштита на Македонија е за пофалба, под услов да е искрен, неегоистичен и побожен и секогаш во духот на легитимното и демократско изразување мислење.

Затоа, во контекст на слободата на изразување на својот клрр и паства, таа (Црквата) го почитува нивното право да дејствуваат според убедувањата, со внимателност и со одговорност“.

На 4 февруари, на плоштадот Синтагма во Атина ќе се одржи протест против името на Македонија пред грчкиот парламент. Во сите досегашни говори, Грчката Црква вели дека нема да дозволи да биде вовлечена во политички игри.