Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли, на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од авионот и порача: „Македонијо, доаѓаме!“.



Тој и неговите соиграчи, предводени од Жозе Мурињо во 12.55 треба да слетаат на скопскиот аеродром. Попладнево ќе одржат и тренинг на стадионот во Арената „Телеком“.

Од Манчестер Јунајтед објавија дека Македонија е 36 држава во која „Црвените“ ќе играат за првпат. Велат оти територијата на поранешна Југославија им е позната. Од клубот потенцираат оти доаѓале неколу пати да играат против клубови од регионот, но тоа било во минатиот век. Во 1958 играле против Црвена Ѕвезда во Србија, а во 1966 година против Партизан. Една година подоцна, пак, ја посетиле Босна и Херцеговина за меч со Сараево. Последен пат во југословенските земји дошле во 1999 кога предводени од Сер Алекс Фергусон триумфирале со 2:1 над Загреб во Хрватска.