Најголемата опозициска партија во Грција, Неа демократија, ќе ја задржи истата линија во политиката во однос на тековните разговори за името со поранешната Југословенска Република Македонија (пЈРМ), што оваа конзервативна партија ја зацрта пред Самитот на НАТО во 2008 година.
Владата на тогашниот премиер Константин Караманлис на Самитот на Алијансата во Букурешт стави вето на кандидатурата за пристапување кон НАТО.
Тогашните црвени линии која многупати ја споменуваше и тогашната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, беше многупати спомената и во изминатиов период:
Сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје.
Бакојани неодамна го обвини лидерот „Независни Грци“, Панос Каменос, кој се противи на употребата за терминот „Македонија“ во идното име на северниот сосед, дека во два наврати веќе гласал за сложено име кој ќе содржи Македонија.
„Минимумот што може да го направи владата е да ја одбрани во целост позицијата од Букурешт“ вели лидерот на Неа демократија Кирјакос Мицотакис.





