Српските медиуми пишуваат дека српскиот Евролигаш се обидува да дојде до нашиот поранешен репрезенативец и член на актуелниот шампион на континентот, но дека тимот од Истанбул го планира и дека тешко ќе го ослободи. Перо Антиќ има важечки договор со Фенербахче и за следната сезона, и тренерот Жељко Обрадовиќ смета на високото крило кое може да игра и на петка во одбраната, а да напаѓа и од позиција три.



Основата на сторијата за Антиќ во Црвена Звезда е неговата мала минутажа во составот на жолто црните од Кадикуј квартот, а и потребата на белграѓани од уште една аквизиција во рекетот, и плус отвореното навивање на Перо за Црвена Звезда. За сега се е само идеја, а дали ќе дојде до реализација ќе покаже следниот период.