Ќе биде национална глупост, доколку постои можност да се најде решение, тоа да не се искористи, вели Алексис Ципрас, во интервјуто за утрешното издание на весникот „Етнос“, истакнувајќи ја својата јасна позиција за прашањето за името на северниот сосед.
Како што пренесува АНА-МПА, грчкиот премиер уверува дека ја почитува загриженоста, а особено чувствителните тонови на неговите сонародници во северна Грција.
„Јас сум половина Македонец“, изјавил тој во интервјуто.
„Сепак, ги повикувам мирно да размислат за она што го промовира националниот интерес, а што го поткопува. Немањето решение го поткопува. Во последните 25 години нашите соседи се признати како ‘Република Македонија’ од повеќе земји, додека ние се бориме насекаде да ги нарекуваат пЈРМ“.
Ципрас вели дека, во пракса, не е бесмислено терминот Македонија да биде дел од сложено име или со географска или со временска оодредница за (…) што сосема јасно ќе означува дека никој не бара територија или историја на другите.





