Ципрас: Направете чекори кон взаемнo прифатлив договор

Грчкиот премиер, од владата на македонскиот премиер Зоран Заев очекувал во пракса, а не на зборови, да направи потези за да започнеле суштински разговор во прашањето за името, пишува грчкиот магазин „Real news“ кој на насловна страница ја пренесува пораката „Направете чекори кон взаемнo прифатлив договор“.



Конкретните барања, како што пренесува дописникот на МИА од Атина, се однесувале на промена на името на скопскиот аеродром, отстранување на спомениците кои имаат иредентистички тенденции, како оние на Александар и Филип, но и јавен став од Скопје дека прифаќа разговор за сложено име за севкупна употреба. Ерга омнес е точката што била особено важна за Атина.

МИА пренесува дека на преговарачката маса со специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, биле сите имиња што биле споменати во досегашните разговори, но Атина не гледа позитивно имињата ‘Северна“, ‘Горна’ и ‘Нова’, бидејќи асоцирале на постоење на две или повече македонии.

„Членови на владата во Атина позитивно го гледаат предлогот ‘Македонска Република Скопје’, што како што откри Теодорос Пангалос, тој му го предложил на тогашниот МНР Андонис Самарас во владата на Мицотакис“, го пренесува МИА пишувањето на грчкиот неделник во денешното издание според кој, доколку нема конкретни чекори од македонска страна, Грција нема да влезе во суштински разговори за името.

Но, доколку од Скопје има искрено расположение за компромис, тогаш, Ципрас со помош на Коѕијас се чини бил решен да направи чекор кон решение во првата половина на 2018, пред НАТО Самитот.