Средба меѓу грчкиот и македонскиот премиер може да има само ако македонската страна покаже добра волја и на средбата на преговарачите во Њујорк дојде до суштински прогрес.
Средбата меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев треба да се случи во Давос на Светскиот Економски Форум од 23 до 26 јануари но можна е ако бидат исполнети предусловите кои ги поставува Грција.
Грчки аналитичари за медиумите кај јужниот сосед најавуваат средба само ако Македонија ги задоволи грчките очекувања и манифестира конструктивност.
Информација за предусловот поставен од Ципрас ја потврдуваат и претставници на грчката влада кои велат дека ваков состанок е можен само ако има значителен прогрес во разговорите за името.
Овие информации ги пренесува весникот Катимерини според кој следуваат две недели на интензивни контакти меѓу двете земји кои ќе започнат во вторник во Њујорк а може да завршат со средба во Давос.





