Ципрас за „Етнос“: Вака ќе ги решам „Скопјаните“

Извиканото интервју на Алексис Ципрас за весникот „Етнос“, кое раздвижи страсти во Грција и во Република Македонија, околу изјава на Ципрас дека не постои македонска нација – било само „маркетиншки трик“ на весникот, кој веројатно се бори за тираж.



Целото интервју, во делови, веќе го пренесоа медиуми – или барем позначајните поенти на премиерот:

Дека, ако постои можност за решавање на спорот ќе биде национална глупост тоа да не се искористи;

Дека не е неразумно во (идното) сложено име на северниот сосед да се вклучи терминот Макрдонија;

Дека „македонската нација во античко време никогаш не постоела, како што немало ни атинска, спартанска…“

Дека е апсолутно апсурдно некои да бараат ексклузивност на терминот Македонија при создавање на етнички идентитет…

Дека решавањето значи заемно прифатливо сложено име за севкупна употреба. А севкупна употреба значи дека не може да се вика различно во нашите билатерални односи и во ООН, а друго да е уставното име. Во однос на НАТО и ЕУ, работите се јасни. Интеграција во НАТО или отпочнување пристапни преговори за соседната земја ќе има само со решение на името, вели Ципрас за „Етнос“.

Ципрас, како што пренесуваат агенции, имал разбирање за загриженоста и за чувствата на неговите сограѓани од Северна Грција, бидејќи и тој бил половина Македонец – по мајка.

Интервјуто предизвика бурни и избрзани реакции на социјалните мрежи, ретерирање, а на крајот и понижувачки интелектуални мудрувања што кажал, како бил пренесен и како јавноста во Грција, а како овде, требало да ги прими зборовите на Ципрас.

На својата насловна страница весникот објавува:

Ципрас за „Етнос“: Вака ќе ги решам „Скопјаните“,