Ципрас го призна Заев за „премиер на Македонија“, па се премисли

За време на преносот во живо од прес-конференцијата во Давос, каде што се сретна со македонскиот колега Зоран Заев, Алексис Ципрас или неговиот кабинет напишале дека тој ќе има заеднички настап со премиерот на Македонија.



Ваква фотографија вечерва, со коментар „Поздрав од Ципрас“, објави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

На Фејсбук-профилот на Ципрас по преносот во живо, сепак, пишува на грчки дека тој се сретнал со премиерот на ПГДМ, како што на грчки се нарекува ФИРОМ.