Изворите на Агенцијата за разузнавање со кодни имиња Цилиндар и Џокер и синот на премиерот кој е жртва на политичката пресметка која се водела кон неговиот татко, се дел од нова предистрага на Јавното Обвинителството.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет по допрен глас, еден ден откако премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница во одговор на пратеничко прашање рече дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 и 2021 година.
Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.
,Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија“, соопшти Јавното обвинителство.
Во монструозните операции на Агенцијата за разузнавање се следеле десетина луѓе за кои се пишувале лажни извештаи за Мицкоски и други луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои подоцна служеле за нивна дискредитација во Македонија и надвор од неа.
Повеќе детали
,,Нема да се спасат” е пораката од премиерот
 
             
		






