Во општините Штип, Кавадарци и Сарај биле нотирани три случаи на притисок врз мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, соопшти невладината ЦИВИЛ на прес – конференција.
Член на избирачкиот одбор на ИМ 2447/1 упатил крајно сериозни закани врз мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој се наоѓаше на тоа и на ИМ 2447 во село Ласкарци, од лице кое било незадоволно од присуството, односно од извештаите на ЦИВИЛ од првиот круг на изборите, пренесува Плусинфо“.
ЦИВИЛ одлучи да ги повлече своите набљудувачи од ова село, во кое и на првиот изборен круг се нотирани изборни нерегуларности.
„Не веруваме дека во Ласкарци ќе се одржат слободни избори“ изјавил првиот човек на оваа НВО, Џабир Дерала.




