Американката Централна разузнавачка агенција позната како ЦИА официјално понудила отпремнина на целата своја работна сила.
Сите вработени кои доброволно ќе се откажат од своите работни местанза возврат ќе добијат отпремнина.
Овој чекор на официјален Вашингтон се прави со цел работата на тајната служба да се усогласи со приоритетите на претседателот Трамп, вклучително и таргетирање на нарко-картелите.
Со овој чекор ЦИА е првата разузнавачка агенција која им кажа на своите вработени дека можат да ги напуштат своите работни места и да добијат околу осум месеци плата и бенефиции како дел од планот на Трамп за намалување на федералната влада.
Слична понудата минатиот месец била дадена до повеќето цивилни федерални агенции но тогаш беа изземени некои категории федерални работници, вклучително и оние во националната безбедност, објави WSJ.
Сега оваа понуда важи и за ЦИА која според најавите од Вашингтон треба да биде многу поефикасна и да работи за националните интереси на САД.
Паралелно администрацијата на Трамп ги повлекува од работа сите вработени во УСАИД од целиот свет.
Да се пакуваат и вработените во Скопје






