Цените на становите во Скопје бележат драстичен пораст. Последниве години достигнаа зголемување до 30% во одредени делови на градот. Сепак, и покрај континуираниот раст на цените, интересот за купување недвижности не покажува знаци на слабеење, велат агенциите за недвижности, пренесува Лидер. Мк
Фросина Ушлиновска, консултант за недвижности, вели дека растот на цените варира во зависност од локацијата.
Во населбите како Чаир и Бутел, во последните две години цените се зголемени за 30%. На пример, стан од 65 метри квадратни купен за 35 илјади евра пред три години, денес може да се продаде за 65 илјади евра, што претставува значителна разлика.“
Во центарот на градот, цените веќе беа високи пред две години, па порастот е помалку изразен, но остануваат на високо ниво.
Според најновите податоци на Народната банка на Македонија, цените на недвижностите во земјата се зголемени за на годишно ниво. Ова ги рефлектира трендовите на постојан раст на цените, особено во урбаните средини како Скопје.
И покрај високите цени, агенциите за недвижности забележуваат дека пазарот останува активен
Целата анализа на: https://lider.mk/ima-li-kraj-cenite-na-stanovite-vo-skopje-porasnaa-do-30-za-dve-godini-no-interesot-za-kupuvanje-ostanuva-visok/






