Шест членки на најдобрата екипа од првиот дел во Лигата на шампионките ќе играат во првата елиминациска рунда на женскиот ракометен мундијал што се одржува во Германија. Лејно и Лакрабер со „триколорките“ во 1/8 финалето одат на Унгарија, а Лекиќ и Цвииќ ќе се соочат со Радичевиќ и Кликовац во балканската пресметка Србија-Црна Гора.
Еве ги сите двојки за осминафиналето кое е на програмата в недела и в понеделник.
Утре:
17.30 Унгарија – Франција
17.30 Србија – Црна Гора
20.30 Шведска – Словенија
20.30 Германија – Данска
Недела:
17.30 Романија – Чешка
17.30 Русија – Јужна Кореа
20.30 Јапонија – Холандија
20.30 Шпанија – Норвешка




