Далмација остана без струја околу 12:25 часот денеска, јави Индекс.хр
Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови… Се чини дека струја практично нема во цела Далмација.
Струја нема ниту во Славонија. Станува збор за Славонски Брод и Винковци.
Сè уште не е јасно што точно се случило, но има информации дека електро-системот во Далмација пропаднал поради наводниот дефект на системот во Црна Гора.
Голем број градови низ Босна и Херцеговина останаа без струја, пренесува Независне новине.
Како што им јавуваат читателите, струја нема во Бања Лука, Прњавор, Котор Варош, Сараево, Дервента…
Цела Црна Гора нема струја. Пожар избувна на далновод, јавува portalanalitika.me. Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица…
Црногорска „Побједа“ јавува дека избувнал пожар на еден од далноводите.





