Поранешната македонска министерка за култура Ганка Цветановска ја сподели на Твитер својата гордост што првата жена претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не изговори „Северна“ при давањето заклетва на инаугурацијата.
„Горда на нашата претседателка, горда што сум Македонка во овие историски времиња“, твитна Цветанова, која министеруваше со македонската култура во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2000 до 2002 година.
Најзината објава на социјалната мрежа е одговор на констатацијата на холандскиот новинар Раиниер Јарсма: „Новиот претседател на Северна Македонија е инаугуриран. Таа одби да го стори тоа под уставното име и, наместо тоа, вети дека ќе ги почитува уставот и законите на ‘Македонија’“.






