Зголемена наплата во однос на лани, отворена борба со криминалот и корупцијата, план за модернизација на границите – Царинската управа одбележа 33 години постоење. Бројките говорат за резултатите од сработеното. Во првиот квартал биле остварени приходи од близу 480 милиони евра или 13.6 милиони повеќе споредено со лани истиот период. Во 2024-та имало 410 заплени од кои над 300 се во втората половина од годината, а што се однесува до првото тромесечје годинава има 77 отсто повеќе заплени во однос на истиот период лани. Ваквите податоци, според директорот Николовски говорат за сериозната посветеност во борбата со криминалот, а од друга страна за прибирање повеќе пари во Буџетот
Притоа приходите од Царина се повисоки за 15,6 проценти, од акциза за 5,7 проценти, а од данок на моторни возила за 16,2 проценти. По основ на извршени проверки и контроли од Секторот за контрола и истраги наплатени се 20 милиони денари, а донесени се и решенија за дополнителна наплата на износ од 5,7 милиони денари. Овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија. Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци, рече директорот Николовски.
Не само на границите борбата со криминалот се води и внатре во институциите. Николовски досега потпишал 8 откази на царински службеници, а се водат и бројни дисциплински постапапки. Во последните пет месеци биле поднесени вкупно 102 кривични пријави од кои дури 13 биле против царински службеници. За споредба во периодот од 2020-2023 година биле поднесени само 85 кривични пријави.
102 кривични пријави до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 58 правни и 184 физички лица. За споредба во тригодишен период од 2020 до 2023 година биле поднесени 85 кривични пријави за цели три години. Анализирано на месечно ниво од 2016 година наваму во овие пет месеци имаме историски најмногу поднесени кривични пријави на месечно ниво“, истакна Николовски.
Наплатата од царините е речиси согласно проектираното, односно помалку за околу 1 отсто. Министерството за финансии очекува зголемена наплата во текот на летниот период оти тогаш има и поголема фрекфенција на границите.






