Грчката влада „се обидува да најде патриотско решение за проблемот што влијае на земјата, меѓународните односи и дипломатијата повеќе од 25 години”, рече во неделата во интервју за весникот “Риал њуз“ портпаролот на грчката владата, Димитрис Ѕанакопулос.
Тој истакна дека владата има специфични принципи кои ги штитат националните интереси во преговорите со владата на соседната држава.
Ѕанакопулос го обвини лидерот на главната опозициска Нов демократија (НД), Кирјакос Мицотакис, дека во овие „критична преговори, го подреди националниот интерес заради стекнување моќ“ (за партијата – н.з.).
Владата, истакна тој, нема да усвои надворешна политика за „национални права“, што е кој би водел кон нова “национална трагедија”.
„Нашата намера е да се стави крај на долготрајното прашање со соседната земја“, рече тој, објаснувајќи дека на тој начин нема да биде засегната владината политика за решавање на името и волјата на народот изразена на митингот.





