Околу триста милиони православни верници низ светот денеска го слават Божик според Јулијанскиот календар.
Со традиционалната честитка: Христос се роди! – Навистина се роди! Божик се слави во Македонија, а во сите храмови на Македонската православна црква утринава со биење на камбаните се најавува доаѓањето и прославата на Божик.
На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв.
Божик е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пејат посебни песни наречени каланди кои имаат елементи од византиската традиција и макдонското народно музичко творештво.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
Божик според јулијанскиот календар го слават и ерменската, грузиската, руската, српската и црногорската црква, Ерусалимска патријаршија, Света Гора, Старокалендарците во Грчки и египатски Копти…
Од минатата (2024) Украинската православна црква го слави Божик на 25 декември, според Грегоријанскиот календар.






