Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите христијански храмови, а верниците денеска го слават најголемиот празник – Велигден.
Оваа традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници.
За тоа ни сведочи Светото предание.
Велигден веднаш по Божиќ се смета за најрадосен христијански празник. На велика сабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца.
Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.
Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе!
На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!
Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението.





