Хрват ги посети сите 197 земји на светот

 

Хрватскиот инфлуенсер, Кристијан Иличиќ, кој се занимава со патување, успеа да ги посети сите земји во светот, што и беше неговата цел.



Кристијан Иличиќ, кој патува низ целиот свет, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од Шри Ланка на која наведува дека успеал да ги посети сите земји на планетата.

„197/197! Денеска станав првиот Хрват во историјата кој патувал во сите земји во светот.
За некои тоа ќе биде само бројка, но ако кажам дека од 8 милијарди луѓе во светот, само 300 од успеаја да го направат ова, тогаш таа бројка не е повеќе само бројка“, сподели Иличиќ на својот профил.