Иако има 170.000 невработени, Хрватска следната година веројатно ќе ги зголеми квотите за увоз на работна сила од странство, вклучувајќи ја и Македонија.
Покрај покренатата процедура за потпишување меѓудржавен договор со Босна и Херцеговина за сезонски работници, како и за работници пратени од босански фирми во Хрватска, слични договори се планира да се потпишат со уште неколку земји, најави министерот за труд и за пензиски систем Миро Павиќ. Меѓу тие земји се, наводно, Македонија, Украина и Косово.
Се проценува дека в година на Хрватска ќе ѝ недостигаат 20.000 сезонски работници, 4-5 илјади во градежништвото и 2.000 во бродоградителството.





