Сите родови на хрватската војска учествуваа во снимањето на пригодно видео на Тик-ток со кое ѝ изразија поддршка на ракометната репрезентација на својата земја пред финалето на 29. Светско првенство против Данска утре од 18 часот во Осло.
Во Хрватска владее еуфорија по триумфот над Франција во полуфиналето, па целата земја е во исчекување и посакува подвиг и против Данците, кои ги добија сите осум натпревари на мундијалот досега и се во серија од 36 мечеви на СП без пораз!






