Чувството на киселина кое се јавува после внесена храна е крајно непријатно и непосакувано. Настанува најчесто како резултат на храна која е непосакувана за желудникот и која истиот не може да ја свари и преработи, па како желудочна киселина ја враќа назад во грлото и устата.



Луѓето кои го имаат овој проблем многу добро знаат дека за време на желудочните киселини се појавува чувство како нешто да „гори” во желудникот, па потребно е да се испие одредена количина на вода за да се намали „огнот” во желудникот, а многу често оваа непријатна појава е проследена и со болка.

Ориз – одлично се справува со киселините во желудникот, бидејќи спаѓа во групата на сложени јагленохидрати, за кои е познато дека се одлична и често препорачана храна за луѓето со ваков проблем.

Магданос – со право со илјадници години магдоносот се користи како зачин кој храбро им се спротивставува на желудочните киселини. Го подобрува варењето на храната во организмот и го регулира метаболизмот.

Зеленчук – карфиолот, тиквичките и грашокот одлично се справуваат со желудочните киселини, па затоа е препорачливо да се консумираат колку што е можно повеќе.

Пилешко месо – може да се консумира варено или печено, но без кожа, бидејќи во кожата се собира целата непотребна маснотија од пилето, која е голем непријател на желудникот и е една од причините за појава на киселините. Истото важи и за прженото пилешко месо во масло кое да се избегнува колку што се може повеќе.

Банани – поседувајќи PH вредност бананите се одличен избор на храна која може да се консумира помеѓу оброците, бидејќи со својата неутрална PH вредност воопшто не им сметаат на луѓето кои често имаат желудочни киселини.