Хојт Ји нема што повеќе да бара на Балканот!

Поранешниот американски функционер, кој предизвика многу бури со своите изјави, веќе не е на списокот вработени во Стејт департментот.



Тој, и во интервју за грчки медиуми, неодамна рече дека не е донесена одлука за негово назначување за амбасадор во некоја од балканските земји, за што се шпекулираше во медиумите, потсетува порталот „Спутник“.

За Ји, најпрво се зборуваше дека ќе биде назначен за амбасадор на САД во Македонија, а потоа дека би можел да биде ставен на чело на амбасадата во БиХ.

Но, по ваквите вести се појави и информацијата дека веќе не бил на функција во Стејт департментот, кога беше во посета на Западен Балкан и со своите изјави, како онаа дека „Србија мора да избере на кое столче ќе седи“, предизвика вистински метеж, а во дел од политичката јавност беше сметан за „доносител на уцени“.

Сега, повикувајќи се на свои извори „Спутник“ тврди дека тоа што го говорел Хојт Ји не бил и  официјален став на САД. Претседателот на РС, Милорад Додик, дури рече дека Хојт Ји всушност бил „протеран од Стејт департментот“.

Историчар Александар Раковиќ, вели дека името не е на списокот на вработените во Стејт департментот.

„Тој предизвика само конфликти и ги провоцираше владите на Балканот иако беше рангиран на шесто место во американската дипломатија и мислел дека на таков начин може да напредува.

Мајк Гонзалес, кој работи за „Фондацијата Херитиџ“ и кој прв ја објави информацијата за оставката на Ји, неговата оставка ја поврзува со писмо од канцеларијата на државниот секретар на Америка Рекс Тилерсон во кое се вели дека од земјите на кои требаше да им се подаде рака, САД доби нови соперници.

Не е познато кој ќе го наследи Брајан Хојт Ји, но кој и да дојде ќе мора да ги спроведува политиките на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот државен секретар, Рекс Тилерсон.