Хојт Ји негира дека ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија

Заменикот на помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, во интервју за телевизијата Н1 Сараево ги отфрли наводите во некои медиуми дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија.



„Не можете да верувате на сè што читате. Многу сум горд што сум заменик на помошникот државен секретар, задоволен сум со тоа што го работам сега и немам никакви вести дека таа позиција ќе се промени. Мило ми е да кажам дека уште ќе бидам тука“, изјави тој.

„Мојот план е да останам во Стејт департмент додека не ми кажат да одам некаде на друго место, а не сум добил некакви други упати“, додаде Ји, чија посета на Скопје на 1 мај се покажа клучна за трансферот на власта во државата по повеќемесечните протести против Тиранска платформа, кои кулминираа со инцидентите во Собрание на 27 април.