Португалскиот фудбалски експерт и тренер на Манчестер Јунајтед доби улица во неговиот роден град Сетубал, Португалија.
Во изјавата на градските власти беше соопштено дека поради успехот што го постигнал во фудбалот, по нивниот сограѓанин ќе биде прогласена една од улиците во неговата татковина. Така, улицата „Rua da Saude“ во Сетубал, сега е преименувана во улицата на Жозе Мурињо.

Мурињо по тој повод престојувал во својот роден град каде што ја добил плакетата, а на церемонијата рекол: „Многу сум возбуден и горд. Ви благодарам на сите. Кога ќе пристигнам до Сетубал се чувствувам добро. Го сакам ова место премногу “, рече Мурињо.





